Регион 16. јуни 2020. / 19:45

Се зголемува бројот на мигранти кои нелегално се обидуваат да влезат во Словенија

Се зголемува бројот на мигранти кои нелегално се обидуваат да влезат во Словенија

Словенечката полиција објави дека минатиот месец регистрирале зголемување на бројот обидите за илегален влез со земјата.

Според овие податоци, во мај граничната полиција и армијата откриле 3.283 мигранти, што претставува зголемување во однос на еден месец претходно.

Најголем дел од мигрантите се од Пакистан, Марoко и Авганистан, а 1.198 од нив изразиле намера да аплицираат за меѓународна поддршка и заштита. На почетокот на годината, односно во јануари бројот на илегални поминување беше уште поголем, но со почетокот на пандемијата на корона вирусот и затворањето на границите значително се намали и притисокот на мигрантите.

Според полициските експерти, ставањето на вирусот под контрола и повторното отворање на границите се главните причини за повторното зголемување на бројот на мигрантите.