Со одлука на министрите за развој, цивилна заштита, труд, здравство и внатрешни работи, во Грција до 30 април 2020 се затвораат сите сезонски туристички објекти.
Одлуката за „привремена забрана за работа на сезонските туристички објекти“, е објавена во Службен весник на Грција, а денеска стапува во сила.
Во однос на туристичките објекти кои веќе работат, им се дава можност да ги затворат следната седмица, на 23 март 2020.
Од Конфедерацијата на туристички бизниси на Грција, ја поздравија одлуката на владата, а претседателот na конфедерацијата Јанис Рецос вели дека станува збор за неизбежен и правилен чекор.
Истовремено, на состанокот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со министрите од неговата влада, беше одлучено целосно да се прекине авио поврзувањето со Италија, за оние авиокомпании кои сѐ уште имаа летови од и кон земјата.