Брачен пар од Ирска бил на меден месец во Грција и се нашол среде хоророт со пламените јазици.
Се венчале минатиот четврток, а сега судбината си поиграла со нив. Кога почнал пожарот парот почнал да бега од хотелот каде бил сместен, со автомобил.
– Беше ужасно пламенот беснееше од две страни, а тие влегоа во колата, вели сведок.
Девојката е во болница со тешки изгореници и повреди, мажот е исчезнат.