Хеликоптер „газела“ на Војската на Србија се урнал вчера близу аеродромот Морава додека траеле редовните летачки вежби. За среќа, нема загинати, пренесуваат српските медиуми.
Од Министерството за одбрана било соопштено дека несреќата се случила околу 19:10 часот и дека хеликоптерот е оштетен. Двајцата членови на екипажот немаат потешки повреди, стоело во соопштението.„Газела“ е лесен хеликоптер за повеќе намени. Се користи за обука на пилоти, лесен транспорт, извидување и набљудување. Со истрага ќе биде утврдена причината за падот.