Регион 12. јуни 2018. / 09:25

Се урна бугарски хеликоптер Ми-17

Се урна бугарски хеликоптер Ми-17

Бугарски воен хеликоптер се урна синоќа во воздухопловна база во близина на јужниот град Пловдив за време на рутинска вежба.

Во несреќата загинаа двајца пилоти додека еден член на екипажот е повреден, соопшти бугарското Министерство за одбрана.

Хеликоптерот Ми-17 од руско производство летал околу 50 минути по што се урнал околу 20.30 по локално време. Истрагата е во тек.

Во јули лани, воен хеликоптер се урна во Црно Море во близина на бугарското крајбрежје за време на тактички вежби и притоа загина еден офицер додека двајца беа повредени.