Во понеделник се укинува уште една рестриктивна мерка за Грците, односно забраната за движење вон периферијата на постојаното живеалиште/ Оваа мерка значи дека ќе биде дозволено патување низ земјата, но само во континенталниот дел и на островот Крит.
Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас, соопшти дека во сите периферии каде што ќе биде дозволено патувањето постојат здравствени структури кои имаат капацитет да се справат со нови случаи на Ковид-19, доколку се појават.
Во однос на патувањето на островите, Хардаљас изјави дека намерата на грчката Влада е тоа да се дозволи на 25 мај 2020 година, доколку работите одат непречено.
Одлуката ќе биде финализирана и го потенцирам ова, кон средината на следната седмица согласно епидемиолошката состојба во земјата, но и на островите – објасни Хардаљас.