Според податоците на Националниот институт за јавно здравје во Словенија, во последните 24 часа се потврдени 43 нови случаи на лица заразени со корона вирусот. Со овие 43 лица, вкупниот број на заразени сега изнесува 977.
Поради вирусот Ковид-19 хоспитализирани се вкупно 109 лица, што претставува намалување во однос на вчерашниот ден, а на одделот за интензивна нега се лекуваат само 31 пациент.
Според надлежните, изминативе неколку денови има стабилизација на бројот на новозаразени лица, а се намалува бројот на оние на кои им е потребно болничко лекување како последица од корона вирусот.
Досега како последица од Ковид-19 во Словенија починаа 22 лица, од кои повеќето се повозрасни луѓе со хронични болести.