Во врвот на косовската политика нема место за двајцата, еден ќе падне до есен. Кој? Претседателот Тачи или косовскиот премиер Харадинај?И додека претседателот Тачи најде сојузници во Косово но и кај Ердоган и Рама, премиерот Рамуш Харадинај се потпира првенствено врз поддршкатана Вашингтон и Брисел, па реално е да се очекува дека конфликтот меѓу нив ќе трае подолго, и секако пред крајот на годинава една од двете најмоќни политички фигури во Приштина веројатно ќе се најде зад решетки, или нешто уште полошо.
Во прашање не е само борба за политичко влијание помеѓу двајца, да е така лесно би се договориле, туку и борба за контрола врз косовскиот криминал, врз територијата која ја покриваат кланови кои немаат намера да ги препуштат своите интереси ан другата страна.Во меѓувреме, медиумите блиски до турскиот претседател Ердоган повторно пукаа врз Рамуш Харадинај.
“Харадинај под дејство на алкохол, негира дека тој е муслиман и непотребното потрошувач. Тој е само еден од многуте косовски политичари чии деца одат на училиште Ѓулен, така што во прилог на неговиот син, а одат на училиште и децата Кадри Весели и министерот за економија, Бесим Беќај,” вели весникот “Јени Акит”, која случајно пропушти да напише дека и синот на Хашим Тачи минатата година ја завршил Ѓулен училиште.Ердоган удира по темелите, а не во конструкцијата на власта на Рамуш Хардинај. Повикот дека некој не е добар муслиман е повик до луѓето од пониските социјални слоеви, земјоделците и постарата генерација која Рамуш Харадинај малку ја контролира. Негова база се бизнисмените и младите кои учествуваат како логистика во неговите бизниси.Истовремено, се тврди дека Харадинај не е автентичен косовски политичар, туку некој кој е уфрлен, кој дошол во Косово од Запад и дека е очигледно кој стои зад него. Во целата приказна, се разбира, беше вклучена и албанскиот премиер Еди Рама, кој му беше домаќин на Хашим Тачи токму во овие критични денови. Добро е познато дека Рама е незадоволни од односот на ЕУ кон Тирана, и состојбите на Косово ги користи не толку за да му даде сила на претседателот Тачи колку за да има адут во уцените на Брисел да се смени односот на ЕУ кон него, секако доколку сакаат нивниот Рамуш Харадинај и понатаму да остане премиер.
– Рама, отворено изрази незадоволство од односот на Брисел кон Тирана и јавно изјави дека се срами од фактот што “Србија и Црна Гора преговараат со ЕУ, наместо Албанија”. Познато е и дека Рама има добра комуникација со турскиот претседател Ердоган, а неговото влијание врз Косово не треба да се потценува.Ако Рама заедно со Ердоган навистина и дефинитивно застане зад Тачи, деновите на косовскиот премиер Рамуш Харадинај се веќе избројани. Меѓутоа, од друга страна, сосема мали се можностите САД да дозволи пад на Рамуш Харадинај, и за негова одбрана во оваа војна со претседателот Тачи Вашингтон има неколку силни оружја.Наскоро треба да се очекува конечно да го проработи специјалниот суд за злосторствата на ОВК, а потоа да се работи на обвинителниот акт во кој ќе се најдат косовските политичари блиски на Ердоган, како што е и Хашим Тачи, додека Рамуш и Даут Харадинај би биле поштедени – вели дипломатски извор од Косово.
Во меѓувреме, Берлинскиот весник “Tagesšpigel” за заканите на Ердоган кон Харадинај пишува: – Се чини дека полициската акција против српскиот политичар Марко Ѓуриќ и Србите во Митровица покажува каков е односот на силите на Косово. Зад таа акција стои премиерот Харадинај, а претседателот Тачи изјави дека не бил ни извествен за акцијата. Напуштањето на пратениците од Српската листа на парламентот сосема ја загрозува позицијата на Харадинај, и отвара можност за нови избори по кои тој би ја загубил премиерската функција. Мешањето на Ердоган само доплнително му ја влошува состојбата и го тера на чекор кој тој постајано го одбегнува, а тоа е договор и компромис со Србите. После се, пишува весникот, се поставува прашање кој навистина владее во Косово.