Регион 25. јули 2019. / 15:45

Се преврте автобус полн со војници – има повредени

Се преврте автобус полн со војници – има повредени

Најмалку 23 српски војници се повредени откако се преврте автобус во близина на Врање. Несреќата се случила околу 12.30 часот и повредените војници се хоспитализирани, јавија српски медиуми.

Автобусот се движел од правец на Големо Село кон Врање. Засега нема информации за состојбата на повредените.