Регион 29. декември 2020. / 19:39

Се евакуираат пациентите од болницата во Петриња

Се евакуираат пациентите од болницата во Петриња

Пациентите во бволницата во Петрињa чекаат да бидат евакууирани, биодејќи по денешниот земјотрес во објектот нема ниту електрична енергија ниту греење.

Одреден број пациенти се во болницата, а другите се надвор.

Во денешниот земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала во Хрватска загинаа најмалку шест лица.

Епицентарот на земјотресот во 12:20 часот беше на 47 километри југоисточно од Загреб, односно на три километри од Петриња. Земјотресот е  почувствуван во целиот регион. Потоа следуваа неколку потреси.