Заводот за вработување на Словенија објави дека само во месец април 14.000 лица остана без работа.
Како причина за ваквите поразителни резултати се наведува епидемијата на коронавирусот и големиот пад во производството и вкупниот промет во државата.
Според податоците на заводот, во април како баратели на работа биле пријавени 88.648 лица, што е за 10.793 или 13.9 отсто повеќе во споредба со март.
На дел од отпуштените не им бил продолжен договорот за работа, дел биле прогласени за технолошки вишок, а останатите добија откази.
Според информациите на заводот и во услови на медицинска криза се уште на пазарот на труд највеќе се бараат заварувачи, ѕидари и возачи.