Регион 27. декември 2019. / 17:15

Сали Бериша ќе му плати 4.000 евра на Еди Рама поради клевета

Сали Бериша ќе му плати 4.000 евра на Еди Рама поради клевета

Сали Бериша, поранешниот премиер на Албанија доби пресуда од судот во Тирана со која поради клевета е должен на актуелниот премиер на Албанија, Еди Рама да му исплати 4.000 евра, иако Рама во својата тужба побара двојно повеќе пари.

На 14 октомври 2018 година, Бериша на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека Рама, Џафа, Бала и Тахири се под меѓународна истрага од неколку странски агенции.

Според судот, пишувањата на Бериша не биле базирани на факти, а откако беше соопштена одлуката Бериша напиша дека се надзира крајот на владеењето на Еди Рама.