Регион 23. јануари 2020. / 12:24

САД побара од Приштина да ги укине таксите за да може да напредува

САД побара од Приштина да ги укине таксите за да може да напредува

Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за мировните преговори меѓу Косово и Србија, Ричард Гренел изјави денеска дека Приштина мора да ги укине таксите и дека утре ќе побара од Белград да прекине со кампањата за повлекување на признавањето на независноста на Косово.

– Важно е да продолжи економскиот развој и таксите зголемени за 100 проценти мора да бидат укинати. Ова е единствената работа што треба да се повлече, а во исто време да се запре кампањата за повлекување на признавањето што ја води Србија, рече Гренел по средбата со мандатарот Албин Курти.

Американскиот дипломат истакна дека неговата мисија е посветена на економскиот развој и дека царините мора да бидат укинати за да може да се напредува.

Пораката за укинување на таксите тој синоќа ја пренесе и на косовскиот претседател Хашим Тачи.

Гренел утре ќе оди за Белград каде ќе разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ за продолжување на дијалогот помеѓу Белград и Приштина.