Регион 14. јули 2020. / 10:21

САД официјално ги поддржа протестите против Бојко Борисов

САД официјално ги поддржа протестите против Бојко Борисов

Американската амбада во Софија во понеделникот ги поддржа анти корупциските протести против бугарскиот премиер, Бојко Борисов, кои се одржуваат пет дена по ред.

Бугарија ги доживува најголемите антивладини протести, поради корупциската криза која откри како олигарсите имаат контрола врз судството и безбедносните служби.

За демонстратите главни цели се Борисов и јавниот обвинител Иван Гешев.

Борисов е клучен сојузник на германската  канцеларка Ангела Меркел и европските лидери избегнуваат да упатат било каква критика во последниве денови, додека скандалот ескалира.

Врските на САД и Бубарија се деликатни И двете држави се членки на НАТО , но Вашингтон е загрижен  за длабоките историски врски на Бугарија со Русија и енергетската зависност на Бугарија од руски енергенси.