Регион

САД: Белград и Приштина да бидат флексибилни и креативни

САД: Белград и Приштина да бидат флексибилни и креативни

Американската амбасада во Белград порача дека е време акциите во преговорите за конечниот статус на Косово да бидат креативни и флексибилни.

Од амбасадата велат дека Белград и Приштина мораат да изнајдат решение кое нема да дојде од страна. На прашањето дали американската администрација го променила ставот за конечно решение на статусот на Косово, од амбасадата на САД рекоа дека се подготвени да слушнат и помогнат во преговорите, со цел да биде постигнат договор.

„Целосната нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е клучна за стабилноста на регионот. Нормализацијата истотака ќе отвори јасен пат за двете земји за членство во ЕУ. САД цврсто ги поддржуваат преговорите меѓу Белград и Приштина под покровителство на ЕУ. Сега е време вклучените страни во преговорите да бидат креативни и флексибилни. Тие мораат да предложат решение кое нема да дојде од страна“, наведе амбасадата на САД.