Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова оцени дека најавата на косовскиот премиер Албин Курти за делумно укинување на таксите за српските стоки е „чист обид за уцена“.
Таа кажа дека косовските лидери долго време манипулираат со таксите во обид да добијат признание за Косовската државност од страна на Белград, што е во спротивност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН.
-И покрај навидум добронамерните иницијативи на Курти, воопшто не станува збор за „чекор напред“ кој ќе послужи за деблокирање на процесот на дијалог, туку станува збор за отворен обид за уцена и девалвирање на истиот, смета Захарова.
Таа оцени и дека Приштина не е способна да изнајде решение кое ќе биде во интерес на обете страни.