Регион 21. јули 2020. / 12:40

Романија ќе ја враќа вонредната состојба поради корона вирусот

Романија ќе ја враќа вонредната состојба поради корона вирусот

Романскиот премиер Лудовик Орбан најави дека ќе има враќање на вонредната состојба во сите места во земјата каде што дневно ќе бидат регистрирани илјада или повеќе новозаразени со Ковид-19.

Орбан објасни дека загрозените рурални и урбани населби може да бидат вратени во карантински услови, во зависност од ситуацијата.

Не смееме да чекаме некој од нашите најблиски да страда од корона вирусот за да се разбудиме и да почнеме да дејствуваме, туку мора да го прифатиме фактот дека опасниот вирус е тука, меѓу нас, дека убива и дека луѓето многу лесно се разболуваат од него – предупреди Орбан.

Во Романија до сега има повеќе од 38.000 заразени и повеќе од 2.000 починато од Ковид-19.