Aмбасадорот на САД во Германија и специјален претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за разговорите Белград – Приштина, Ричард Гренел, денеска доаѓа во Косово.
Тој во Приштина ќе разговара со Хашим Тачи јави „Глас на Америка“, повикувајќи се на кабинетот на косовскиот претседател.
Во меѓувреме, беше објавено дека и лидерот на Самоопределување Албин Курти ќе се сретне со Гренел.
В четврток Гренел доаѓа во Белград за да разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ.