Регион 26. јули 2020. / 17:30

Рекорден број новозаболени од Ковид-19 во Србија

Рекорден број новозаболени од Ковид-19 во Србија

Во изминатите 24 часа во Србија се регистрирани 467 позитивни случаи на Ковид-19, што е најмногу во еден ден од почетокот на епидемијата во земјата. Регистрирани се и осум починати пациенти со коронавирус.

Според најновите информации од српското Министерство за здравство, на респиратори ширум Србија има 169 пациенти.

Вчера во земјата беа забележани 411 нови случаи од 9.349 тестирања и исто така осум починати.

Од почетокот на пандемијата до денес во Србија има 534 починати од Ковид-19, а тестирани се над 611.000 граѓани.

Српскиот епидемиолог Предраг Кон изјави дека Белград е вистинска епидемиолошка бомба затоа што има огромен број места каде коронавирусот може нагло да почне да се пренесува.