Регион 23. август 2020. / 22:15

Рекорден број на новозаболени и во Грција

Рекорден број на новозаболени и во Грција

Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран нов, рекорден број нови случаи на Ковид-19, односно 284, највисока бројка од почетокот на епидемијата.

Според денешните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција починаа уште две лица, односно 242 од почетокот на епидемијата, а приклучен на апарати е 31 пациент, од кои двајца се на возраст до 17 години.

Од 284-те нови случаи 17 се по направените тестови на влезните точки во земјата.

Од почетокот на епидемијата, заразени се вкупно 8.664 лица.