Регион 27. октомври 2020. / 11:00

Регистрирани рекордни 2.243 новозаразени  во Бугарија

Регистрирани рекордни 2.243 новозаразени  во Бугарија

Во Бугарија во изминатите 24 часа се потврдени нови 2.243 случаи на заразени со коронавирус, од направени 7.659 тестирања, што е најголем дневен биланс од почетокот на епидемијата.

Во изминатото деноноќие починале 42 лица.

Најголем број од новозаразените се во Софија – 913.

Меѓу инфицираните со Ковид-19 во земјата се наоѓаат и 1.948 лекари.

Од почетокот на епидемијата во Бугарија се заразени вкупно 40.132 лица, а регистрирани се 1.136 смртни случаи.