Во Грција рано утрово беше регистрирани првиот смртен случај од коронавирусот, откако почина 66-годишниот маж кој во изминатите денови беше критична состојба.
Лицето беше дел од групата која на 27 февруари се врати од поклоничко патување во Израел и Египет.
Министерството за здравство на Грција соопшти дека 66-годишниот Грк, претходно имал здравствено проблеми, а на 2 март 2019 бил хоспитализиран, а во изминатите шест дена бил префрлен во Одделението за интензивна нега.
Бројојот на заразени од коронавирус во Грција вчера се искачи на 99.
Според Светската здравствена организација повеќе од 4.600 лица починале од коронавирусот, а заразени се 125.000 лица в0 14 земји.