Регион 26. јули 2020. / 18:48

Речиси 700 здравствени работници заболени од Ковид-19 во Србија

Речиси 700 здравствени работници заболени од Ковид-19 во Србија

Вкупниот број на здравствени работници кои се заразуваат со коронавирусот е 690, изјави денеска заменик-директорот на Институтот „Батут“, д-р Дарија Кисиќ Тепавшевиќ.

Од тој број, 72 од нив се хоспитализирани, додаде Кисиќ Тепавшевиќ.

Во последните 24 часа, во Србија се регистрирани 467 нови случаи на инфекција со коронавирус.