Регион 16. ноември 2019. / 17:15

Реакции во Србија за здравствената состојба на претседателот: Вучиќ е силен, ќе продолжиме заедно да се бориме за иднината на Србија

Реакции во Србија за здравствената состојба на претседателот: Вучиќ е силен, ќе продолжиме заедно да се бориме за иднината на Србија

Во Србија се уште нема официјални информации или детали за причините зошто српскиот претседател, Александар Вучиќ, синоќа беше хоспитализиран на Военомедицинската академија (ВМА) поради кардиоваскуларни проблеми, ниту кога тој ќе биде пуштен дома.

Се што е објавено во јавноста се краткото соопштение испратено од Генералниот секретеријат на српскиот претседател, во кое се наведува дека „Александар Вучиќ поради кардиоваскуларни проблеми е примен на ВМА“ и потврдата на неговата советничка, Сузана Васиљевиќ, дека неговата здраствена состојба е стабилна и дека се уште е на ВМА поради мерки на претплазливост.

Истовремено, од неговиот кабинет информираат дека пуштањето на Вучиќ од болница зависи од проценката на лекарите.

Според медиумите, најверојатно српскиот претседател имал проблеми со високиот крвен притсок, што не е прв случај и се должи на неговиот прекумерен политички ангажман. На такво нешто посочуваат и реакциите од неговите блиски соработници.

Така, министерот за финансии Синиша Мали, на Инстaграм профилот напиша:

– Поддршка за мојот пријател и нашиот претседател Александар Вучиќ. Брат мој, знам дека не ги сонуваат сите нашите соништа и дека карактерот не ти дозволува долго да одмараш, но те молам повеќе да се грижиш за себе. Продолжуваме да се бориме … За подобра и поуспешна Србија – напиша Мали.

Со слична порака се огласи и министерот за одбарана, Александар Вулин, кој порача дека „сè ќе биде добро, затоа што Александар Вучиќ е силен и тврдоглав, а не затоа што ги слуша лекарите“.

Прашан за здравјето на претседателот на Србија, Вулин за „ТВ Пинк“ кажа дека Вучиќ е многу храбар и силен човек, но дека не се грижи за своето здравје и дека лекарите можат да му приоѓаат само на прослави и на официјални настани.

– Тој многу работи, малку спие и малку одмара, изјави Вулин кој додаде дека Вучиќ се однесува како секој граѓанин и дека поради него не е свикан конзилиум, ниту се прави медицински тим на ВМА за негово лекување – изјави Вулин.

Покрај подршката од останатите соработници, со реакција преку соопштение се јави и вицепремиерката Зоранаа Михајловиќ, која реагираше на негативните коментари на социјалните мрежи во Србија за здравствената состојба на Вучиќ, кои биле неспоиливи со човечноста, пристојноста и стремежот на Србија да биде толерантно општество.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ деновиве имаше исклучително активна дипломатска и внатрешно-политичка активност, уште од состанокот за т.н. „мал шенген“ во Охрид, потоа во Париз на Мировната конференција и средбите со фанцускиот претседател Емануел Макрон и потоа во Белград со делегацијата на Европскиот парламент околу партискиот дијалог за престојните избори и ангажманот во медиумите со аферата за продажба на оружје и фамилијарната поврзаност на министерот на полицијата Небојша Стефановиќ.