Регион 02. февруари 2021. / 14:33

Разрешен одговорен за вакцинација во Грција, вакцинирал „преку ред“

Разрешен одговорен за вакцинација во Грција, вакцинирал „преку ред“

Со одлука на министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас, разрешен е надлежниот за вакцинација во Здравствениот центар на островот Крф поради тоа што не се придржувал до критериумите за приоритет за вакцинација и вакцинирал „преку ред“, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за здравство на Грција соопштија дека Кикиљас, освен разрешувањето на одговорниот, побарал од управителот на болницата, да покрене постапка за непочитувањето на одлуките.

Одлуката на министерот за здравство, доаѓа по натписите во медиумите дека надлежниот за вакцинација, дал приоритет на новинар-издавач од островот да се вакцинира, иако во овој период, вакцината во Грција е достапна само за здравствените работници и лицата над 80 годишна возраст.