Регион 24. декември 2019. / 14:44

Дендиас за Божиќ во посета на Истанбул

Дендиас за Божиќ во посета на Истанбул

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас телефонски разговарал со неговиот турски колега, шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.

Шефот на грчката дипломатија за божиќните празници е во приватна посета на Истанбул, утре ќе присуствува на литургија за Божиќ во патријаршијската црква Свети Ѓорѓи, а потоа ќе се сретне и со вселенскиот патријарх Вартоломеј.