Регион 29. октомври 2020. / 18:15

Мицотакис, Дендиас и Ципрас изразија солидарност за Франција по терористичкиот напад во Ница

Мицотакис, Дендиас и Ципрас изразија солидарност за Франција по терористичкиот напад во Ница

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, Министерството за надворешни работи на Грција, како и лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, изразија солидарност и поддршка за Франција по терористичкиот напад во Ница.

Длабоко шокиран од терористичкиот напад во Ница. Целосна солидарност за Франција. Обединети сме – порача Мицотакис на „Твитер“.

Солидарност до францускиот народ и француската Влада изразија и шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, како и Министерството за надворешни работи на Грција.

Обединети сме против насилството и омразата – напиша Дендиас на неговиот „Твитер“ профил.

Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас исто така изрази солидарност до францускиот народ.