Регион 26. јануари 2020. / 15:10

Расте семејното насилство во Албанија

Расте семејното насилство во Албанија

Во текот на минатата година регистрирани и третирани од полицијата се 218 случаи на семејно насилство повеќе во однос на претходната година. Во текот на 2018 година во полициските станици биле регистрирани 4.411 пријави, додека лани имало 4.629 случаи.

Според полицијата, од овие пријави за извршени насилства 2.800 биле решени со наредба за непосредна заштита. Останатите биле инцидентни конфликти што не биле повторувани повеќепати.

Адвокатката Вјолца Пустина за телевизија „Ора њуз“ изјави дека во текот на 2019 година најприсутно било насилството врз жени и родители.

– Најмногу од случите се кога жени пријавуваат семејно насилство извршено од мажи, додека многу малку се пријавите од страна на малтретирани мажи. Исто така, има многу случаи кога врз родителите е извршено насилство од страна на нивните деца – изјави Пустина.

Во текот на 2019 година, регистрирани се 14 случаи на убиства во семејство со 17 жртви, од кои 12 жени, додека поради тешки форми на насилство уапсени се 535 лица.