Бројот на жртви во шумските пожари кои го опустошија предградието на Атина, се зголеми на 82 лица.
Противпожарните служби, грчките војници и спасувачите волонтери вчера ги откриле новите тела.
Меѓу жртвите е 88-годишна жена, мајка на Никос Јанопулос кој со сопругата и двете деца стоел пред нејзината запалена куќа, додека спасувачите ја пребарувале секоја просторија. Телото на старицата, спасувачите на крајот го пронашле во тоалетот. Јанопулос пре медиумите изјави дека претходно и тој ја пребарал куќата, но не го препознал пеплосаното тело.
„Умре беспомошна. Јас во пожарот го загубив домот кој е во близина, а мајка ми изгоре. Толку луѓе настрадаа што на спасувачите им беа потребни три дена за да ја пронајдат“, рече Јанопулос. Медиумите пишуваат и за потрагата по двете деветгодишни близначки Софија и Василики</a>, чијшто татко верува дека ги видел на видео на брод.