Гркинка на 36-годишна возраст, која неодамна патувала во Италија е четвртиот потврден случај на корона вирусот во Грција.
Според Министерството за здравство на Грција, жената е во добра здравствена состојба и е во изолација во атинска болница.
Ова е втор случај на потврдено присуство на корона вирус кај пациент во Атина, а двата останати се во Солун.