Регион 19. јули 2019. / 17:16

Рамуш Харадинај поднесе оставка

Рамуш Харадинај поднесе оставка

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска поднесе оставка на функцијата, за време на одржување на седница на косовската Влада, јави „Бота сот“.

– Оставката е неотповиклива. – рекол Харадинај и изјавил дека тој и неговата партија ќе се кандидираат на новите распишани избори.

Тој образложи дека оваа одлука е донесена откако добил покана од Специјалниот суд за воени злосторства во Хаг.

Тој негираше дека е обвинет и изјави дека е повикан да биде сослушан во својство на осомничен.