Регион 09. февруари 2021. / 23:00

Рама: Утре нови рестриктивните мерки, обезбедивме 1,6 милиони вакцини

Рама: Утре нови рестриктивните мерки, обезбедивме 1,6 милиони вакцини

По видно влошената епидемиолошка состојба со Косид-19 во Албанија, утре Комитетот на експерти за справување со пандемијата ќе донесена одлука за заострување на рестриктивните мерки.

Ова го најави премиерот Еди Рама, додавајќи дека тоа доаѓа по повеќедневните разговори и направени анализи, кои потврдуваат дека во просек дневно од почетокот на месецов се регисрираат по над 1.050 новозаразени.

-Комитет се состанува утре. Ги слушнавме, тие се загрижени. Ќе има заострување на мерките. Тие инсистираат на тоа дека треба да се спроведат мерките како што е зголемување на казната за неносење заштитна маска и поголема ангажираност на полицијата, како и продолжување полициски час. Може да додадеме и други мерки, рече Рама.

Иако не прцизира, медиумите пренесуваат дека полицискиот час кој од 11 ноември трае од 22:00 до 6:00 часот ќе биде зголемен за четири часа односно ќе почнува во 18:00 часот.

-Повеќе од бројките, позагрижувачка појава е неспроведувањето на тековните мерки што доведуваат до други проблеми.Мерките не можат целосно да спречат инфекции, но го намалуваат нивното темпо со тоа што системот ќе одговори на потребата на луѓето да добијат здравствена заштита, додаде Рама.

Тој исто така информраше дека се обезбедени 1,6 милиони дози вакцини за 800 илјади граѓани преку Ковакс од Фајзер и оти се во преговори и со други компании.