Албанскиот премиерот Еди Рама, на вонредна владина седница, најави дека стручни тимови за проценка на штетите ќе почнат со работа денеска и дека досега се донирани пет милиони евра и повеќе од милион американски долари помош за погодените од земјотресот. Според него, тоа не е последната сума.
Рама објави дека ќе бидат отстранети шаторите поставени во Туман и Лач, а семејствата што беа засолнети во тие шатори ќе бидат сместени во хотели.
Сепак, жителите на околните села не сакаат да одат во хотели затоа што, како што рече Рама, сакаат да останат во шатори за да може да се грижат за нивните земјоделски стопанства.
Рама потврди дека досега загинале 49 лица, од кои 25 во Драч, 23 во Туман и една жртва во Курбин.
Потрагата по преживеани вчера беше прекината во Тумана, а потоа и во Драч.
– Во областа Драч се сместени 1.260 лица, од кои 625 се во хотели и 360 во училишни спортски сали. Останатите се во шатори или кај роднини. Во Туман, околу 500 луѓе се сместени во шатори и тие ќе бидат сместени денеска во хотели – изјави Рама.
Според него, 3.480 луѓе се без дом во округот Тирана.
Во Драч се регистрирани 701 оштетени објекти, од кои 12 целосно уништени, а 176 оштетени.
Во Тирана, 15 згради се целосно уништени, 239 оштетени и осум згради не се во употреба.
Рама повтори дека секој кој има некој канал за комуникација и истиот го употребувал за да шири лажни вести, или ширење на паника помеѓу народот ќе биде затворен.
Владата прогласи вонредна состојба и во градот Лач – тешко погоден во силниот земјотрес од 26 ноември.