Регион 18. април 2019. / 19:20

Рама: Нема да бидат вратени визите за патување на албанските граѓани во земјите од шенген-зоната

Рама: Нема да бидат вратени визите за патување на албанските граѓани во земјите од шенген-зоната

Албанскиот премиер, Еди Рама, изјави дека нема да бидат вратени визите за патување на албанските граѓани во земјите од шенген-зоната и покрај одлуката на холандскиот парламент за укинување на безвизниот режим за Албанија.

Рама изрази уверување дека ЕУ нема да дозволи да се случи тоа и оцени дека одлуката на холандскиот парламент е дел од домашната политичка борба во Холандија и е последица на антимигрантската политика и противењето на проширувањето на ЕУ.