Доколку Еевропската Унија почне разговори за пристапување со Северна Македонија пред Албанија, тоа ќе биде штетно и ќе доведе до дестабилизација на регионот, смета албанскиот премиер Еди Рама.
Во интервју за европска телевизиска мрежа „Евроњуз“ првиот човек на албанската влада зборува и за улогата на Европскиот совет за интеграција на Западен Балкан во ЕУ, потенцирајќи дека Советот многу не се базира на она што го прават владите на земјите како Албанија, туку на ситуациите и динамиката на внатрешната политика на земјите членки на ЕУ.