Регион 15. јануари 2019. / 10:49

Рама: Косово не го ослободи Илир Мета, туку САД и ЕУ

Рама: Косово не го ослободи Илир Мета, туку САД и ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Албанија го охрабрува постигнувањето финален договор меѓу Белград и Приштина, што ќе го поддржат и САД и ЕУ.

Мојот став е дека конечен договор меѓу Србија и Косово, кој ќе резултира со признавање на Косово и конечно негово одделување од историјата со Србија, признат и гарантиран од САД и Европста унија, е договорот што ние го сакаме, изјави Рама гостувајќи на косовска телевизиска емисија-рече Рама.

Рама нагласи дека доколку се постигне договорот меѓу Белград и Приштина, понатаму би се овозможило обединување на Албанија со Косово.

-Ние сме тука за да го поддржиме договорот и јас сум тука за силно да го поддржам договорот, што го поддржуваат оние кои на Косово му вдахнаа слобода и демократија. Косово не го олободи (албанскиот претседател) Илир Мета, туку САД и ЕУ, оние што денес имаат права и задачи да ги поттикнат двете страни на конечен договор и врз основа на него Албанија да се обедини со Косово- истакнал Рама.“