Албанскиот премиер Еди Рама им забрани на министрите и пратениците од неговата Социјалистичка партија да учествуваат во телевизиски дебатни емисии со поранешните пратеници од опозицијата кои се откажаа од мандатите.
–Не одете на ТВ дебати со оние кои се откажаа од пратеничките мандати. Не треба да одите на дебата со бегалците од Собранието, им порача Рама.
Според него, овие поранешни пратеници не заслужуваат почит од страна на нивните гласачи.
Опозицијата најави масовни протести секој четврток пред Парламентот, ден кога се одржуваат седници.