Регион 20. декември 2019. / 15:06

Рама: И САД поддржуваат мал Шенген, Приштина е губитник

Рама: И САД поддржуваат мал Шенген, Приштина е губитник

Албанскиот премиер Еди Рама денеска оцени дека со тоа што Приштина одбива да учествува во регионалната иницијатива, тн. „мал Шенген“ што се одржува денеска и утре во Тирана, Косово станува политички губитник.

– На Самитот нема да бидат само претседателите на Србија и Северна Македонија, туку и други. САД испратија претставник на Стејт департментот да го поддржат овој процес, истакна Рама, дополнувајќи дека на собирот ќе има и претставници на Европската комисија, ЕБРД и Светска банка.

Тој уште оцени дека проблемите на Белград и приштина не се решаваат со судири и воведување такси, туку преку дијалог.

– Сите ќе дојдат. Зошто? затоа што ова е процес кој сите го поддржуваат, истакна Рама.

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска повторно истакна дека нема да учествува на средбата во Тирана, бидејќи Србија не ја признава независноста на Косово.

Тој на Фејсбук напиша дека „Србија не само што ги негира злосторствата, туку и понатаму го отфрла постоењето на косовската држава“.

– Во таква ситуација, поканите и инцијативите за регионална соработка целосно се бесмислени. Србија и БиХ не ја признаваат државата Косово, напиша Тачи.