Албанскиот премиер Еди Рама оствари средба со лидерот на Движењето „Самоопределување“ и иден премиер на Косово Албин Курти.
Средбата траела неколку часа, а како што напиша Рама на Фејсбук, тие двајца разговарале за многу прашања околу унапредувањето на соработката, како и за координацијата на двете влади.
Ова е прва средба на Курти со Рама по победата на неговата партија на предвремените парламентарни избори, што во Косово се одржаа на шести октомври.
Në mes të një bashkëbisedimi të gjatë prej disa orësh me Albinin, ku hapëm shumë tema të bashkëpunimit dhe…
Posted by Edi Rama on Петок, 25 октомври 2019
Во рамки на средбата, Рама и Курти се сретнале и со дел од екипата што во Албанија го снима филмот „Милошевиќ и јас”. Станува збор за комедија, во косовско – француска копродукциј, во режија на приштинскиот режисер Арбен Кастрати, а во кој настапува познатиот француски актер Жерар Депардје.