Идејата за „Мал шенген“ на српскиот претседател и премиерите на Македонија и Албанија, за поврзување на регионот, ги расипа односите меѓу Еди Рама и кандидатот за премиер на Косово, Албин Курти.
Курти рече дека Албанија требаше да влезе во таков проект со новата влада во Приштина, а не со Србија. На ова Рама рече дека идејата за укинување на границата меѓу Албанија и Косово нема да биде можна без согласност на Србија.
– Требаше да го почека формирањето на новата косовска влада. Таквиот проект треба да започне со Косово, а не со Србија“, рече Албин Курти.
На ова премиерот на Албанија Еди Рама одговори дека надворешната политика со Албанија се користи за домашна политика.
– Не верувам дека ова е најдобро, ќе имаме време да разговараме и да ги продлабочиме дискусиите“, вели Еди Рама.
Според познавачите на состојбите ова дошло природно бидејќи Рама го поддржал Тачи во процесите на решавање на косовските проблеми, а против него бил Курти и целиот тим.