Албанскиот премиер и лидер на владејачките социјалисти, Еди Рама преку Твитер ја повика опозицијата „ без да губат време да седнат на маса и да ги соопшти нејзините идеи поврзани со катастрофалниот земјотрес”.
– Апелирам до опозициските сили да седнеме на маса за да ги слушнеме нивните конкретни идеи и предлози. Во овие вонредни околности потребна е позитивната енергија за оние кои за жал изгубија се и за целиот народ кој заслужува психолошка нега. Љуљзим Баша (лидер на најголемата опозициска сила,Демократската партија) време е за конкретно единство. Ајде да седнеме за Албанците и да им дадеме порака на смиреност, трпеливост, безбедност дека никој нема да биде сам во оваа борба за опстанок. Подготвен сум!За луѓето! – напиша Рама.
Баша вечерва при посетата на настраданите од земјотресот во Шкозен запрашан за повикот на Рама, рече дека „сега не е време ниту за политика, ниту за пропаганда”.
– Целата наша енергија сега е да бидеме блиску до луѓето и да помогнеме колку што е можно повеќе, бевме до сега блиску до нив, ова е наш приоритет сега. Не е време за политика, на луѓето им треба засолниште, храна, безбедност… Сега не е време ниту за политика ниту пак за пропаганда и оти тоа е она што треба да го направи секој – изјави Баша.
Тој му порача на Рама и дека „денеска немаме време ниту за политички маневри, ниту за пропаганда.