Регион 12. April 2019. / 15:38

Рама бара укинување на визите со Кина и пазар за албански производи

Рама бара укинување на визите со Кина и пазар за албански производи

Албанскиот премиер Еди Рама, по повод одблежувањето на 70-годишнината од воспоставувањето на билатерални односи со Народна Република Кина, побарал од својот кинески колега Ли Кечијанг укинување на визите меѓу двете земји.

На средбата одржана на маргините на Самитoт на земјите од Централна и Источна Европа и Кина – 16 + 1, што се одржува во Дубровник, Рама му рекол на премиерот Кечијанг дека заедничкото одложување на визите меѓу двете земји не само што ќе го зголеми бројот на кинеските туристи во Албанија, туку и ќе ја зголеми и трговската размена меѓу двете земји.

Рама, исто така, побарал од својот колега забрзување на процедурите кои ќе им овозможат влез на кинескиот пазар на некои албански производи.

Од своја страна, премиерот Ли Кечијанг го потврдил укинувањето на сите бариери за увозот на мед, вино и маслиново масло од албанско производство.

Исто така, ветил дека ќе преземе неопходни чекори за укинување на визите и взаемно признавање на универзитетските дипломи.