Бугарскиот претседател Румен Радев, истакна дека единствен излез за мирно решавање на напнатоста во Бугарија е изгласување недоверба на владата.
Радев им порача на пратениците во Собранието дека имаат одгворна улога и дека јавноста од нив очекува да спречат Бугарија да навлезе во спирала на хаос немири и беззаконие.
Во своето обраќање во Националното собрание, Радев порача дека бугарскиот народ бара итна и безусловна оставка на Владата.
Немаме друг излез од блокадата на државата освен мирна, нормален политички чин на оставка во случај на губење на довербата , изјави Радев.
Пред почетокот на неговата изјава, пратениците на партјата на премиерот Бојко Борисов, ГЕРБ, Обединетите патриоти и Волја ја напуштија собраниската сала.
Бегството нема да ве спаси од срам. Со тоа, докажувате дека вистинскиот Парламент е надвор – им порача Радев.
Според него, ова заминување е показател на недостиг на дијалог.
Во Бугарија веќе два месеци се организираат протести против Владата на Бојко Борисов на кои се бара негова оставка.