Регион 20. август 2018. / 09:37

Пукано од возило во движење врз американската Амбасада во Анкара

Пукано од возило во движење врз американската Амбасада во Анкара

Врз американската Амбасада во Aнкара утрово околу пет часот по локално време, било пукано од возило во движење.

Погоден е објектот за обезбедување, но никој не е повреден. Непознатиот напаѓач или напаѓачи избегале.

Инцидентот се случува во време на затегнати турско-американски односи поради американскиот пастор Ендру Бренсон, што доведе до ескалација на трговскиот и дипломатскиот спор.