Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, соопшти дека во центарот за мигранти „Крњача“ во Белград, војник испукал три истрели во воздух како предупредување кога поголема група мигранти се обиделе да избегаат, по што тие се повлекле.
Војската обезбедува центри во кои се сместени мигранти, кои практично се ставени во карантин и тие не смеат да ги напуштаат. Познато е во кои случаи, според законот, војниците користат оружје – изјави Вулин, на ТВ Пинк, осврнувајќи се на инцидентот.
Министерот додаде дека реакцијата на војникот била изведена во согласност со правилата на службата и потсети дека во вонредна состојба српската армија ги обезбедува центрите за мигранти.
Мигрантите не можат да излезат надвор од центрите. Тоа понекогаш ги прави нервозни, но ние на прво место се грижиме за граѓаните на Србија. Нема излез, тоа е наредба и сè додека не се промени, тие ќе бидат во мигрантските кампови каде што имаат сè што им е потребно – порачаВулин.