М.К. (28) е повреден, кога синоќа околу 1 часот на Црвениот крст во Белград, Србија, непознато лице го застрелал неколку пати со пиштол.
Во него пукал непознато младо лице, кое по нападот побегнало и по него полицијата интензивно трага.
М.К. претходно бил апсен поради продажба на наркотици.
Според информациите, момчето е изрешетено со неколку куршуми во пределот на стомакот и долниот дел на телото, кога излегувало од својот автомобил.
Повредениот се наоѓа во шок соба на Ургентен центар и е во тешка состојба.