Регион 17. март 2020. / 10:15

Стотици хрватски работници не можат да одат на работа во словенички фирми поради епидемијата

Стотици хрватски работници не можат да одат на работа во словенички фирми поради епидемијата

Голем број работници ид Хрватска, ѓкоишто работат во фирми во словенечката покраина Долењска, денеска по враќањето од работа ќе бидат ставени под епидемиолошки надзор со двонеделен карантин, соопшти карловачкиот жупански штаб на Цивилната заштита.

Причина за тоа е што покраината Долењска, од синоќа е подрачје со изразито висок ризик од ширење на корона вирусот.

Жупанот на Карловац, Дамир Јелиќ, вчера на новинарите им кажа дека неколку стотици хрватски работници, кои работат во словенечките фирми, најмногу во „Ревоз“ во Ново Место, по враќањето во Хрватска мораат да влезат во двонеделен карантин и нема да можат да одат на работа, пренесе Хина.

Тој нагласи дека сега не треба да се размислува за долгорочниот економски ефект, иако е јасно дека во оваа тешка ситуација дел од работниците стравуваат за здравјето на своите семејства, дел од загубата на работа и дека во нив има голем конфликт.

Ние не можеме да го занемариме фактот дека Бела Краина со компанијата „Метлика“ се жариште на корона вирусот, дека во „Ревоз“ со нашите работници работат работници од Бела Краина, а потоа тие доаѓаат во Карловац, односно во Хрватска – изјави Јелиќ.