Седумнаесетгодишната Марија М. од Крагуевац, која почина од предозирање со дрога во стан во Шумарица, најверојатно испила 5 или 6 таблети екстази, објави Курир.рс. Момчето кое било со неа најпрво во шума ги закопал наркотиците, па повикал лекари.
Полицијата го уапсила момчето во чиј стан М.М. починала, а Основниот суд му одредил притвор до 30 дена поради сомнение дека тргувал со наркотици.
Според зборовите на една другарка на тинејџерката, таа претходната ноќ била во друштво на пријателот на Арсенал фест, но не е познато дали можеби таму конзумирала наркотици.
-Дошла кај момчето и испила таблети, по што моментално ѝ се слошило. Другарот на нејзиниот брат повикал Итна помош, меѓутоа веќе било касно и лекарите можеле само да констатираат смрт – рекла една другарка на М.М. ученичка во трета година на Политехничкото училиште во Крагуевац.