Регион 01. август 2018. / 13:10

Првите тужби против грчката држава за пожарите во Атика се поднесени

Првите тужби против грчката држава за пожарите во Атика се поднесени

Првите тужби против грчките власти за катастрофалните пожари во Атика се поднесени денес, објавија грчки медиуми.

Во пожарите загинаа најмалку 90 лица, а по уште седуммина уште се трага.

Тужбите се поднесени против генералниот секретар на Цивилната заштита, Јанис Капакис, регионалниот гувернер на Атика, Рена Дору, градоначалникот на Маратон, Илијас Псинакис како и против други пониско рангирани службеници, офицери на протипожарната заштита и поицијата.

Тужбите се поднесени од роднини на жртви кои ги загубија животите во Неос Вуѕас, североситочно од Атика.