Регион 07. јули 2019. / 18:40

Првични проценки: Мицотакис го „гази“ Ципрас на изборите во Грција

Првични проценки: Мицотакис го „гази“ Ципрас на изборите во Грција

Нова демократија прва, СИРИЗА втора, Движење на промена трета е резултатот од објавените Егзит пулс, односно проценките за изборниот резултат од агенциите за рејтинг во Грција, во соработка со грчките телевизии, јави дописничката на МИА од Атина.

Приватните телевизии Скај, Стар, Антена, Алфа, One и Опен и државната ЕРТ објавија заеднички Егзит пулс.

Резултатите од 80% преброени егзит пулд, за приватните телевизии се:

Нова демократија 38-42%

СИРИЗА 26,5-30,5%

Движење на промена 6-8%

Комунистичка партија на Грција 5-7%

МЕРА25 3-5%

Грчко решение 2,5-4,5 %

Златна зора 2,8-4,8%

Во однос на распоредот на пратеничките места, проценките на агенциите, според 80% од преброени Егзит пулс се дека Нова демократија добива доволен број пратеници за еднопартиска влада. Поконткретно:

Нова демократија 155-467 пратеници

СИРИЗА 77-80 пратеници

Движење на промена 19-22 пратеници

Комунистичка партија на Грција 16-19 пратеници

Грчко решение 0-13 пратеници

Златна зора 0-13 пратеници МЕРА25 8-14 пратеници

Сепак, станува збор за проценки на агенциите за рејтинг, а не за официјални резултати.

Првите официјални резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција, кое што е и надлежно за пребројување на гласовите, се очекуваат околу 21 часот по грчко време.